About us
Ако слушаш само празни удари тогаш чукаш со глава во ѕид, замавнуваш со чекан во воздух… Празен од… Ништо… Креваш прашина од неиспишани идеи, неснимени сцени, неизиграни состојби, неисликани филмови… Чукаш погрешно. Тогаш не мисли на ѕидот, гледај како да се направи дупка што се шири и го растура на парчиња. Земи нешто, да застане, да разбие, да остане. 24 фрејма, една сцена, објектив во рака, 24 часа удари по тастерите. Ова не е субверзија, ова не е сон, не е underground, ова е чиста логика, вистина што гребе. Ако можеш да ја сочуваш главата и да најдеш нешто што ќе те закова на твојот пат, тогаш ти не си статист, ти си КЛИН.